-->
-->
Уапсени 15 лица и конфискувано поголемо количество на дрога
-->
Шпанската и португалската полиција денеска соопштија дека во заедничка акција разбиле нарко група која шверцувала дрога од Мароко во Шпанија. Во акцијата уапасени се 15 лица и запленето е поголемо количество дрога.
- Запленети се 2.400 килограми хашиш во три одвоении прекугранични рации, 463.465 евра, 23 глисери, четири скутери, 12 возила и 4.750 литри гориво, се наведува во соопштението.
Засега не е познато каде се спреоведени апсењата.
Седиштето на наркобандата било во југозападниот дел на Шпанија. Тие користеле мрежа од специјално опермени пристаништа и магацини за складирање на дрогата. Кога откриле дека се набљудувани дел од своите активности префрлиле во јужна Португалија. ми/19:25
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода почна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2
-
Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба
-
Димитриеска-Кочоска - Славески: Ефикасна координција меѓу монетарната и фискалната политика за макроекономска стабилност
-
Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана
-
Судски совет: Судството не било ажурно во првиот квартал, причина малку судии и многу неработни денови
-
Британија ќе и испорача 100 илјади дронови на Украина
-
Пандев: Да се прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината
-
Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот Струмица – Валандово