Уапсени 11 саудиски принцови и десетици министри

Во Саудиска Арабија, по налог на новоформираниот Комитет за борба против корупција, уапсени се 11 принцови, четворица актуелни министри и десетици поранешни министри, објави телевизијата „Ал Арабија“.
Комитетот, со кој претседава престолонаследникот принцот Мохамед бин Салман, е основан завчера со кралски указ. Уапсени се 11 принцови од владејачката династија Ал Сауд и 30 поранешни министри под обвинение за корупција.
Според телевизијата „Ал Мајдин“, меѓу обвинетите се наоѓаат медиумскиот магнат, принцот Валид бин Талал, министерот за економија Адел Факих, кој беше сменет пред два дена, како и веќе поранешниот шеф на Министерството на националната гарда, принцот Митеб бин Абдула, исто така отстранет пред два дена.
Саудиските власти официјално не објавија список со имињата на обвинетите лица.
Претходно, саудискиот крал Салман именува нови раководители на три министерства - за економија, националната гарда и военоморските сили.
Министер на националната гарда ќе биде Халед Ајаф, за економија Мохамед Туајџри, а командантот на ВМС, Абдула Султан ќе биде заменет од Фахад Гафли. Засега не се соопштуваат причините за отказите.
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
