Уапсенa скопjанка, полицијата во нејзиниот стан пронајде поголемо количество дрога
Вчера Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство - Скопје го предаде лицето М. Р. (30), поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.
На 8.овој месец на ул.Мите Богоевски во Скопје при извршен претрес кај М.Р. пронајдени и одземени се 39,7 мл хашиш-смола, 12 мл хашиш- масло, семки од канабис, околу 40 грама марихуана помешана со тутун, т.н. „тејзер“, односно тип на оружје кое спаѓа во групата на електрични парализатори, дигитални ваги, шприцеви и други предмети.
За ова лице се водат и други кривични постапки за истото кривично дело.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска