Уапсен уште еден грчки пироман: Признал во полицијата дека сакал да ги гледа пожарникарите како ја гаснат огнената стихија
Грчката полиција уапси маж (35) под обвинение дека ги подметнал пожарите во областа Маратон, додека истовремено беснеаја пожари во Мата.
Обвинетиот при апсењето пружал отпор и се обидел да побегне. Наводно во полиција признал дека сака да подметнвуа пожари и ги набљудува пожарникарите додека се обидуваат да ги изгаснат.
По страотните пожари кои ја погодија Грција, роднините и настраданите одлучија да ја тужат државата.
Се претпосатавува дека со запалка подметнал пет пожари во Маратон, а два од тие пет се подметнати на 26 јули.
Неодамна едне 65-годишник е приведен како главен осомничен за подметнување пожари во источна Атика, недалеку од Атина минатиот понеделник.
65-годишниот, чиј идентитет не е откриен во јавност, наводно бил жител на град во северниот дел од Атија, Панделија.
Според зборовите на неговите соседи и во минатото палел ѓубре и суви гранки, а пред обвинителството сведочеа девет лица кои го сметаат одговорен за предизвикување пожар.
Ново на Сител
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити