Уапсен Србин осомничен за воени злосторства

Косовската полиција уапси косовски државјанин од српска националност, осомничен за воени злосторства против албанско цивилно население извршени во војната во 1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека машко лице идентификувано со иницијали Г.С., е уапсено како осомничен за „соучесништво заедно со други соизвршители во кривично дело ’воени злосторства против цивилно население’ согласно Кривичниот закон на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ и Женевската конвенција, дела кои се санкционираат и со соодветните одредби од Кривичниот закон на Косово.
Според соопштението на косовската полиција, Г.С. се сомничи дека на 15 и 16 април 1999 година, како припадник на резервните полициски и воени единици на Србија, во градот Липљан, „со употреба на воена сила, насилство, грабеж и заплашување“ врз цивилното население извршило протерување на локалните Албанци од нивните домови, по што од колоната на протераните биле издвоени десет цивили кои подоцна биле егзекутирани.
Медиумите во Косово и Србија денеска објавија дека станува збор за лицето Горан Станишиќ од селото Горна Гуштерица, општина Липљан, кој е иселен од Косово, а бил уапсен на граничниот премин Јариње меѓу Косово и Србија.
Неговиот адвокат Миро Делевиќ информира дека на Станишиќ му е изречена мерка 48-часовно полициско задржување, додека утре ќе се знае дали ќе му биде одреден и притвор, како што побара косовското Специјалното обвителство за воени злосторства.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
