Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Судот во Москва му одреди притвор до 2 декември на милијардерот Ибрахим Сулејманов, кој се сомничи за организирање на две убиства и еден обид за убиство, јавија руските медиуми.
Судењето се одржа зад затворени врати, по барање на истражителите, со образложение дека во материјалите се содржани податоци заштитени со закон, како и информации за здравје. Во јавниот дел, Сулејманов наведе дека веќе бил осудуван за измама и легализирање на криминални средства во средината на 2000 години, кога добил повеќегодишна затворска казна, и додаде дека е „акционер“.
Јавноста за неговото апсење беше информирана денеска. Според наводите на Телеграм каналот База, милијардерот се поврзува со убиството на поранешниот шеф на Федералната служба за финансиско закрепнување Георгиј Тал во 2004 година. Тал беше убиен во напад недалеку од својот дом, кога непозната личност испукала повеќе куршуми во него и побегнала.
Тал од јануари 1998 до јануари 2001 година беше на чело на Федералната служба за финансиско закрепнување и стечај. Истражителите тогаш исто така се сомневале дека нападот е поврзан со неговата професионална дејност.
МИА
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
