Уапсен претседателски кандидат на Гватемала поради дрога и атентати
Кандидатот за претседател на Гватемала Марио Амилкар Естрада Орелана (58) беше уапсен во Мајами, под сомнеж дека планирал да ги убие политичките ривали и да им дозволи на трговците со дрога да ги користат пристаништата и аеродромите во Гватемала.
Естрада и неговиот соработник Хуан Пабло Гонсалес Мајорга (50) треба да се појават денеска пред судијата.
Судијата Џефри Берман соопшти дека Естрада и Гонзалес планирале да побараат пари од нарко-картелот Синало за финансирање на кампањата на Естрада. За возврат, двајцата се обврзале да му помогнат на картелот во користење на пристаништата и аеродромите во Гватемала за извоз на кокаин во САД.
Според него, тие исто така планирале да организираат убиства на политичките ривали.
Тие беа откриени благодарение на заедничката истрага на американската агенција за борба против дрога (ДЕА) и гватемалската полиција.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка