Свет
8. November 2016 - 11:42

Уапсен поп Даниел: Плаќал за секс со тинејџерка и продавал дрога

Даниел Џејмс Мекеј (42), кој бил свештеник во црквата Св. Јован Чудотворец во Јуџин, е уапсен бидејќи во полиција го пријавила тинејџерка која му наплаќала за секс и со него продавала дрога.
 
Полицијата дошла до него, откако минатиот месец уапсила проститутка. Девојката, чие име не е објавено затоа што е малолетна, била однесена во поправен дом. Таа претходно во полиција изјавила дека имала контакт со попот.
Потоа полицијата организирала лажна средба на тинејџерка и попот.
 
Свештеникот е обвинет за проституција, повреда на малолетно дете и сексуален однос, како и искористување на малолетник за продажба на кокаин.
 
Случајот се уште е отворен и под истрага, - изјавила портпаролката на полицијата Мелинда Маклохин.