Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола

Сопственик на продавница за миленици од Осака е уапсен под сомнение дека чувал соленоводен крокодил долг 1,5 метри – без соодветна дозвола, според полицијата на Префектурата Осака.
Властите извршиле претрес во продавницата на 1 септември. Сома Сатоми (34) наводно го чувал крокодилот, како и желка-гризач и 21 обична желка, во аквариум во својата продавница – исто така, без потребните дозволи. Тој ги признал обвиненијата, пренесуваат јапонските медиуми.
Според наводите, Сатоми ги чувал животните како миленици и немал намера да ги продава. Полицијата истражува како Сатоми дошол до животните.
Соленоводниот крокодил е најголемиот жив вид крокодили и единка може да порасне до должина од четири или пет метри. Тие се хранат со цицачи и други животни.
МИА
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
