Уапсен малолетник во Суботица, истражувал како се прави бомба
Во Суботица е уапсен малолетникот Д.У. од Суботица, ученик во гимназијата „Светозар Марковиќ“. Toj во разговор со училишниот психолог кажал дека не размислувал да направи масакр како оној во училиштето, туку размислувал такво нешто слично да направи во близина на градинка, пишува „Блиц“.
Според медиумот, постапката против него е во тек, откако американското ФБИ открило и пријавило до надлежните органи дека малолетникот на интернет креирал списоци со имиња на масовни убијци, а истражувал и како се прави бомба.
Според информациите на „Блиц“, малолетникот по наредба на обвинителството е приведен и изведен пред Вишиот суд за малолетници и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – прикажување, набавување и поседување детска порнографија и искористување на малолетно лице за порнографија.
Изречена му е мерка забрана за напуштање на местото на живеење, пишуваат медиумите во соседството.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната