Уапсен Македонец во Виена поради можни врски со исламистите

Австриската полиција денеска приведе четиринаесет лица при рациите спроведени во Виена и Грац во рамките на истрагата за можните врски со екстремистичката Исламска држава, соопшти денеска австриското обвинителство, пренесува ТАСС.
Меѓу задржаните има тројца австриски државјани со мигрантски корени, двајца Босанци, Сириец, Бугарин и Македонец. Осуммината биле директна цел на операцијата.
Приведени се уште тројца нивни соработници, по потекло од Балаканот.
Привично беше соопштено дека 11 лица биле уапсени. Потоа, обвинителството на Грац, наведе дека денеска биле задржани и три жени, исто така со балканско потекло. Две од нив се сопруги на осомничените џихадисти кои беа уасени утринава. Уапсените се на возраст меѓу 21 и 49 години.
Полицијата спровела рација и во една џамија во Грац.
Во рациите учествувале 800 полицајци.
Операциите беа извршени по само неколку денови, откако полицијата во Виена задржа 17-годишно момче под сомение дека им припаѓа на „радикалните салафитски кругови“.
Според органите на редот, тој признал дека се обидел да изработи бомба.
- Меѓу уапсените има и салафитски агитатори од Грац, изјави градоначалникот на градот Зигфрид Нагл.
Од 2012 година околу 300 лица од Австрија и се приклучија на ИД во Блискиот Исток, според податоците на Министерството за внатрешни работи. Околу 90 од нив се вратиле во земјата, јави ДПА.
Денешната операција не е поврзана со минатонеделното апсењето на 17-годишното момче од албанско потекло во Виена.
- Операцијата беше планирана извесно време, истакна австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка во рамките на средбата со неговите колеги од ЕУ во Малта.
Немавме податоци за непосредна опасност или податоци за подготовка на конкретен напад, потенцира обвинителството во Грац.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
