Уапсен косовски Србин осомничен за воени злосторства во 1998-99 година
Полицијата на Косово соопшти дека уапсила лице од српска националност, осомничено за воени злосторства врз цивилното население извршени во војната во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во 24-часовниот извештај на полицијата се вели дека осомничениот, со иницијали Ч. Ј., е уапсен вчера во селото Ѓураковац во општина Исток.
– По извршени истражни дејствија од страна на Единицата за истражување на воените злосторства, идентификувано е и уапсено машко лице од српска националност поради воени злосторства извршени врз цивилното население на Косово во периодот од 1998 до 1999 година. Со одлука на обвинител му е одреден притвор, се вели во соопштението на полицијата.
Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, Блерим Исуфај изјави за „Коха.нет“ дека се работи за лице од Исток, родено 1968 година.
Според Исуфај, лицето се сомничи за извршени злосторства во околината на градот Пеќ.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
