Уапсен дилер во Свети Николе, кај него пронајден и одземен хероин

На 25.08.2021 на крстосница од ул.„Беласица“ со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во соработка со Одделението за внатрешни работи Свети Николе го лишиле од слобода И.С.(43) од Свети Николе.
При негова контрола и преглед во возило „форд пума“, со тетовски регистарски ознаки, кое тој го управувал, бил пронајден и одземен хероин. Во координација со Јавен обвинител, а врз основа на судска наредба, подоцна бил извршен и претрес во станот во кој престојува во Скопје, при што, исто така, бил пронајден и одземен хероин, вага со остатоци од хероин и смеса за мешање на оваа наркотична дрога.
И.С. бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик
Ново на Сител
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
