Уапсен Абанец со 35 килограми кокаин

Полицијата во италијанскот град Болоња уапсила албански државјанин кај кого открила 35 килограми кокаин.
-Уапсениот е албанскиот државјанин Аслан Лука(29) кој дрогата ја транспортирал со возило марка „Jeep Grand Cherokee”.
Доколку дрогата би завршела на пазарот истата би достигнала вредност од 3,5 милиони евра, пишува порталот „Албеу“, повикувајќи се на италијанските медиуми.
Албанецот бил откриен при рутинска контрола.
Уапсениот Лука живеел во Рим, со дозвола за престој издадена од италијанските власти, чиј рок истекол во април 2015 година а во тек била процедурата за обновување на дозволата.
При контролата било утврдено дека џипот бил регистриран на име на Романка, која живеела во Милано.
Аслан Лука и бил познат на полицијата поради исти крвични дела.
Ново на Сител
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
