Македонија
18. February 2023 - 15:22

Уапсен 52-годишен велешанец поради прикажување порнографски материјал на малолетничка

Полициски службеници од СВР Велес денеска го привеле Р.Б.(52), кој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје и пуштал фотографии со експлицитна содржина, соопшти МВР.

Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.