Македонија
16. February 2025 - 10:30

Уапсен 38-годишен маж од Штип, пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(38) од Штип, кај кого биле најдени половина килограм бела грутчеста материја и марихуана.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, дрогата била откриена и одземена вчера во 16.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош.

-По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.