Македонија
23. August 2020 - 11:28

Уапсен 27-годишен штипјанец - од автомобилот фрлил пакет во кој имало дрога

Синоќа околу 3 часот после полноќ полицијата уапсила 27-годишник од Штип кога забележале дека од автомобилот фрлил пакет во кој имало марихуана и бела грутчеста материја. Како што соопштуваат од МВР:

„На 23.08.2020 во 03.00 часот  на ул.„Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.И.(27) од Штип, поради тоа што забележале дека фрлил сомнителен пакет од патничкото возило кое го управувал. Во пакетот, кој го пронашле полициските службеници, имало марихуана и бела грутчеста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“.