Уапсен 20 годишник за криумчарење мигранти - во неговиот дом бил пронајден „калашников“
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 06.02.2023 до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф.(20) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик.
Имено, врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во тек на полициска акција спроведена на 21.12.2022 со цел сузбивање на организирана повеќечлена криминална група инволвирана во вршење на кривични дела од областа на криумчарење на мигранти, полициски службеници извршија претрес во домот и други простории кај А.Ф., при што се пронајдени и одземени автоматска пушка без кундак „АК-47“ - „Калашников“ кал.7,62x39mm, празна рамка од автоматска пушка кал.7,62x39mm, 31 куршум за автоматска пушка со кал.7,62x39 mm и 100 куршуми за пиштол кал.9 mmPara, кои недозволено ги набавил и чувал во својот дом.
А.Ф. бил лишен од слобода и опфатен со веќе поднесената кривична пријава против 13 лица, за сторени кривични дела по чл.418-в ст.2 и по чл.418-б ст.2 од Кривичниот законик, и веќе издржува мерка притвор во траење од 30 дена изречена од страна на Судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-
Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција
-
Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
-
Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива
-
40-годишник од Скопје пијан ја тепал и гризел сопствената мајка
-
КЛ: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс
-
Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ