У20: Македонските кошаркари убедливо ја совладаа Бугарија на ЕП во Скопје
Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години е на чекор од пласман во четвртфиналето на Европското првенство во Б дивизијата кое се одржува во Скопје, откако вечерва ја совлада Бугарија со 83-54 во рамки на групата А.
Бугарија, која забележа три победи во воведните три натпревари, беше во предност по првата четвртина со 18-15, по што македонските кошаркари целосно доминираа на паркетот во СРЦ Кале и веќе на полувреме заминаа со предност од 40-33.
Сите дилеми околу победникот беа решени во третата четвртина по која црвено – жолтите стекнаа недостижна предност од 64-45 и рутински го приведоа натпреварот до самиот крај.
Најефикасен во македонските редови беше Теодор Симиќ со 21 поени.
Во завршното четврто коло во рамки на групата А, македонските кошаркари утре со почеток од 18:30 часот ќе играат против Република Ирска и со победа ќе го заверат пласманот во четвртфиналето.
Ново на Сител
-
Русија бара Иран да продолжи со соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија
-
Викендов во Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица
-
Хегсет го брани нападот врз Иран: Програмата е „уништена“, и покрај сомнежите
-
Интерпелација за Костадиновски во Собрание
-
Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
-
Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција