-->
-->
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-->

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години славеше победа од 1:0 против Косово на контролниот меч одигран денеска во Приштина.
Јован Јанчевски во 15. минута го постигна голот за победа на македонскиот состав.
Селекцијата предводена од селекторот Горан Станковски сосема заслужено се радуваше на побед и во текот на дуелот не искористи неколку идеални шанси за поубедлив триумф.
Вториот контролен натпревар двете селекции ќе го одиграат на 25. септември со почеток во 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
