Фудбал
30. September 2019 - 19:44

У-21: Со триумф во Ц.Гора поблиску до 2. место

Младите фудбалери на Македонија ги очекуваат нови квалификациски дуели за следното ЕП.  Прв предизвик е гостувањето во Црна Гора на 10. Октомври.  Селекторот Милевски денеска го објави списокот на играчи за овие две средби. Еве ги неговите очекувања:

- „Ова се фудбалерите со кои ги отворивме квалификациите, списокот е тој, со исклучок на Марко Ѓоргиевски од Вождовац. Сега имаме појасна слика за нашиот потенцијал и улогата во овие квалификации. Со исклучок на Шпанија, сите останати селекции ќе бидеме во борба за второто место, а зошто да не и прво ако ни се укаже шанса. Противниците со кој ќе се соочиме на претстојните натпревари се квалитетни, но сега мислиме само на Црна Гора, а потоа на Казахстан. Одиме чекор по чекор, тоа е нашата филозофија, одиме да ја победиме Црна Гора. Противникот е квалитетен, физички се силни, играат цврст фудбал, технички дотеран. Поголем дел од нивните фудбалери се од домашното првенство, кое од година в година е сè посилно. Но сме одиграле неколку пријателски натпревари со нив и знаеме што не очекува. И покрај победата од 7-1 над Фарски Острови цврсто стоиме на земја“,  истакна Благоја Милевски.