Фудбал
27. September 2017 - 14:21

У-21: Милевски останува уште две години на селекторската функција

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, останува уште две години на чело на  играчи до 21 година што значи дека ќе заокружи уште еден квалификациски циклус. 
На прес-конференцијата во пресрет на натпреварите со Србија и Гибралтар, Милевски рече дека со ФФМ договорил нова двегодишна соработка, без притоа да ги соопшти финансиските детали од договорот.
 
Во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година, Македонија на 6 октомври ќе ја пречека Србија, а потоа ќе гостува кај Гибралтар.