Loading Video...
Фудбал
13. October 2020 - 19:51

У-21: Македонија ремизираше во дерби-мечот со Израел

Младата фудбалска репрезентација на Македонија не успеа да ја оствари целта против  Израел и одигра само 1-1 во квалификацискиот дуел за следното ЕП со што ги намали шансите за учество во баражот за елитното натпреварување.

        Израелците играа цврсто од самиот почеток и не дозволија избраниците на Милевски да развијат игра во близина на противничкиот гол. На спротивната страна по еден корнер Јанков неенергично интервенираше и Елијас казни со гол за водство на противникот од 1-0.

        Сепак во продолжението од мечот јунак на нашите млади фудбалери беше токму голманот на Работнички кој одбрани неколку тешки удари а во 56м го одбрани и пеналот на Алмог што во 95-тата минута овозможи Јани Атанасов од слободен удар да израмни 1-1 и да ги спаси нашите млади фудбалери од незгоден пораз.

Македонија по ремито останува на втората позиција со 14 бода, пред Израел кој има 12 бода.

Во следното коло повторно истите селекции ќе ги одмерат силите, овојпат во Израел, на 12. Ноември.