-->
-->
Твининг проект за институционализирање механизми за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор
-->
Во ЕУ инфо центарот денеска ќе биде одбележан почетокот на твининг проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”, финансиран од ЕУ во ведност од 250 илјади евра.
Главна цел на проектот е подобрување на средината за функционирање на граѓанското општество, и тоа преку создавање целосно функционален Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество, како и усвоен нов Акциски план (за периодот 2018-2020) за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанското општество.
Земја партнер е Хрватска, а главен корисник на проектот е Генералниот секретаријат на Владата на Македонија.
-->
-->
-->