-->
-->
ТВ Сител ги прогласи најдобрите спортисти за 2015
-->
Пливачот Евгениј Поп Ацев со своите одлични резултати во маратонското пливање го доби признанието спортист на Македонија за 2015 година во изборот на Спортската редакција на ТВ Сител во емисијата „Асовите бираат асови“.
Наградата Супер спортист според гласовите на жирито отиде во рацете на капитенот на националниот ракометен тим Кире Лазаров.
Ракометарката на ЖРК Вардар, Сара Ристевска е најдобар млад спортист на Македонија.
Признанија во клубските спортови добија машката и женската екипа на РК Вардар. Тренерот на РК Вардар Раул Гонзалез е најдобар тренер а Ивица Обрван првиот стратег на ракометната репрезентација најдобар селектор.
Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ е спортист на деценијата.
На свечената церемонија во присуство на бројни спортски работници и гости признанија за помагање на спортот и спортистите добија и Македонски телеком, Повардарие и др. Манифестацијата беше збогатена и со квалитетна музичка програма.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости