Туск: Британија има уште десет дена да ги исполни обврските
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека на Британија и остануваат уште само десет дена да ги исполни обврските во сите три области кои се однесуваат на излезот од ЕУ, доколку Лондон сака да почне преговори за преодниот период по Брегзит и за следните односи.
- Мораме да видиме напредок на Британија во рок од десет дена по сите прашања, вклучувајќи го и прашањето за Ирска, напиша Туск вечерва на Твитер, по состанокот со британската премиерка Тереза Меј во Брисел.
Туск додаде дека е „можен напредок во преговорите за Брегзит на состанокот во декември, но дека и натаму е огромен предизвик“.
Официјален претставник на ЕУ изјави дека Меј за време на едночасовниот разговор со Туск се согласила дека 4 декември е „апсолутно краен рок“ за да се овозможи преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние да препорача премин кон наредната фаза, која се однесува на трговијата и идните односи на ЕУ и Британија.
Ново на Сител
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата