Турските сили усмртиле околу 1000 бунтовници во југоистокот на земјата
Околу илјада курдски борци се ликвидирани при операциите на турската армија во областа на градовите Нусајбин и Шарнак во југоисточна Турција, каде што последната година се разгоре конфликтот со Курдската работничка партија (ПКК), соопшти Генералниот штаб на турските воени сили, за НТВ, пренесе ДПА.
„Подлите напади против силите за безбедност и нашите невини граѓани го добиваат и ќе продолжат да го добиваат најрешителниот одговор", посочуваат вооружените сили во соопштението објавено на нивната официјална веб-страница.
Армијата нагласи дека при операциите во Нусајбин, во округот Мардин, досега се убиени 495 терористи и уништени 1256 упоришта. Во Шарнак пак, се ликвидирани 505 терористи и уништени 1566 упоришта.
Југоистокот на Турија, којшто е претежно населен со Курди, беше зафатен од судири кои можат да се оквалификуваат како најжестоките во последните две десетилетија, откако изгледите за примирје меѓу државата и ПКК јуни минатата година целосно пропаднаа.
ПКК се смета за терористичка организација од Европската Унија, САД и Турција.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска