Турскиот премиер заминува на посета во САД
Делумното издавање визи на турски граѓани во американските дипломатски претставништва во Турција и покрај тоа што е ограничено, означува почеток кон нормализирањето на односите меѓу Вашингтон и Анкара, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес-конференција пред неговото заминување во САД во официјална посета што ќе трае до 11 ноември.
Тоа е прва посета на турскиот премиер по избувнувањето на несогласувањата околу визната криза меѓу двете земји.
Како што јави МИА, издавањето американски визи за турски државјани беше суспендирано речиси еден месец, што беше проследено со соодветен одговор на Анкара.
Дипломатската криза започна кога турските власти уапсија службеник од турска националност во американскиот Конзулат, поради наводни врски со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого турската Влада го обвинува дека е организатор на обидот за државен удар од 15 јули минатата година.
Американските конзуларни служби во Турција вчера делумно го обновија процесот на издавање визи. Извор од турската Влада наведе дека Анкара најверојатно ќе го следи таквиот чекор на Вашингтон, што би било вовед во надминување на дипломатската криза меѓу двете земји.
Јилдирим посочи дека за време на посетата во САД, ќе бидат разгледани билатералните прашања, како и регионалните проблеми - ситуациите во Сирија, Блискиот Исток, Ирак и Иран, создавањето на зони за деескалација во близина на Идлиб, како и „вознемиреноста на Анкара“ поради Курдската работничка партија (ПКК) и Партијата на демократската унија на сириските Курди.
Најавено е и дека Јилдирим официјално ќе побара екстрадиција на Ѓулен од САД во Турција.
Турскиот премиер заминува на посета на САД во придружба на вицепремиерот Мехмет Шишмек и министерите за надворешни работи и за енергетика, Мевљут Чавушоглу и Берат Алабајрак.
Ново на Сител
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови
-
Пред пратениците следниот месец закон со кој ќе се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот, најави Гаши