Турскиот Парламент го одобри законот за поголеми овластувања на цивилната стража
Турскиот Парламент денеска го одобри спорниот предлог-закон на Владата, со кој на членовите на цивилната гарда им се даваат речиси исти овластувања како и на полициските сили во земјата.
Предлог-законот е усвоен со поддршка на владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговиот сојузник, и покрај загриженоста на опозициските партии „дека со тој закон се даваат овластувања на недоволно квалификувани сили и дека ќе доведе до кршење на човековите права и дополнителна ерозија на слободите”.
Законот е одобрен по неколкудневна интензивна дебата, која кулминираше со насилство во вторникот, кога еден опозициски пратеник рече дека бил удрен од страна на пратеник на националистичката партија.
Чуварите, познати како „бекчи“, традиционално ги чуваат местата и парковите, носејќи само пендреци и свирки.
Силите беа укинати и приклучени кон полицијата во 2008 година, но беа повторно воспоставени од Владата на Ердоган по неуспешниот обид за пуч во 2016 година.
Законот им овозможува на повеќе од 21.000 припадници на цивилната стража, меѓу кои и жени, да користат огнено оружје, да стопираат возила, да проверуваат лични карти и да пребаруваат луѓе. Сепак, тие не можат да апсат или да ги сослушуваат осомничените.
Најголемата опозициска Републиканска народна партија и двете други опозициски партии гласаа против законот, тврдејќи дека тоа е обид на Владата да формира лојални сили на полицијата.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот