Турски пилоти раскажуваат за своите средби со НЛО
Пилоти на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ тврдат дека НЛО со зелена светлина прелетал над нивниот авион на 19 мај, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
- Неидентификуван објект, со зелени светла прелета на околу две до три илјади стапки над нас, а потоа исчезна. Сметаме дека тоа беше НЛО, им кажале двајцата пилоти на авиодиспечерите на аеродромот Ататурк во Истанбул.
Неидентификуваниот летечки објект бил забележан во околината на истанбулскиот кварт Силиври за време на летот од западното турско одмаралиште Бодрум до Истанбул.
Според двајцата пилоти во тоа време, околу 23:30 часот по локално време на 19 мај, авионот летал на височина од 17 илјади стапки.
Авионот слетал на аеродромот Ататурк околу половина час подоцна.
Главната дирекција на воздухопловните власти во Турција соопшти дека на радарите не забележала таков објект.
Ново на Сител
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште