Турски печат: Ердоган се враќа на чело на владеачката Партија на правдата и развојот
„Враќањето на Ердоган е на 21 мај“, пишува денеска турскиот весник „Сабах“ по повод очекуваниот избор на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на функцијата претседател на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) на вонреден партиски конгрес, закажан за 21 мај.
Ова стана можно по уставните измени што беа одобрени на референдумот од 16 април, со кои на претседателот на државата му се дозволува да има партиски ангажман, а не како досега да биде надпартиски.
Одлуката за свикување вонреден конгрес веројатно ќе биде донесена на заседание на Централниот управен совет на партијата следната недела, а се планира конгресот да биде организиран на 21 мај, посочува „Хуриет“ во текстот под наслов „Преседан во историјата на повеќепартискиот систем: Претседателот на 21 мај станува партиски претседател“.
„Првиот чекор кон нова Турција", пишува турскиот весник „Стар“, посочувајќи дека 3,5 години откако беше принуден да ја напушти функцијата претседател на АКП, Ердоган се враќа на чело на партијата.
„Целта е со духот од 2002 година да се постигне победа на изборите во 2019 година“, забележа уште провладиниот весник, забележувајќи ја годината на изборите кога АКП дојде на власт, и претстојните избори во 2019 година, кога според силата на референдумски усвоените уставни рефоми следи изборот на нов претседател, кој ќе ги има новите пошироки извршни овластувања.
Критички настроениот весник „Созџу", меѓутоа, пишува дека „По претседателот доаѓа и партското правосудство“. Весникот посочува дека претставник на опозицијата извадил документи за назначувања на нови судии со припадност кон АКП, извршени по масовните чистки во судот, што следа по обидот за преврат во земјата во јули минатата година.
Пратеникот на Реубликанско-народната партија, Бараш Јаркадаш, објави список со членови на АКП кои се назначени за судии, коментирајќи дека „Епохата на партиски судии е смрт за правосудството“, пишува весникот.
„Историјата е најголемиот судија“’ - овој цитат од изјава на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, весникот „Милиет“ денеска го извади на насловната страница. Тој оваа изјава ја даде по повод 55-годишнината на Уставниот суд на Турција.
Ердоган ја критикуваше одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за враќање на мониторингот врз Турција.
-Тоа што оние кои дури не ни гукнаа што Франција спроведе избори под вонредна положба, го вратија мониторингот врз Турција заради тоа што таа го стори истото по обидот за преврат, меко кажано е проѕирно. Историјата е најголемиот судија. Актуелноста доаѓа и си оди, но правилните чекори и грешките на сите ќе останат како лекции во историјата, рече Ердоган.
Ново на Сител
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела