Свет
4. October 2016 - 10:03

Турски медиуми: ФЕТО подготвува „кибер преврат“ во Турција

Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, во моментов подготвува „кибер преврат“ во Турција, откако плановите за воен преврат пред тоа се покажаа неуспешни, пишува турскиот весник „Акшам".

Според пишувањата, тн. „ФЕТО“ подготвувла „досега недвиден кибер напад" поротив државните институции на Турција.

Главната цел наводно, се разузнавачките служби, а самиот напад да биде повод за војна.

Од „Паралелната структура", како што во Турција ја нарекуваат мрежата од следбеници на Ѓулен,  а за кои се смета дека имаат инсталирани луѓе во институции како што се полицијата и судот, имаат намера да го хакираат компјутерскиот систем на повеќе државни институции и да дојде до доверливи информации, стои во статијата.

Разузнавачките служби располагаат со податоци за планираните хакерски напади, што помогнало при засилувањето на мерките за безбедност и, „да се попречат плановите на ѓуленистите“, додава „Акшам".