Македонија
30. January 2021 - 12:33

Турски државјанин пренесен во болница - се повредил на работното место

Државјанин на Република Туриција се здобил со тешки повреди додека извршувал работни задачи во Прилеп, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.

На 29.01.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Прилеп од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив бил донесен Е.К.(39) од Р.Турција, кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи за правно лице во прилепско.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител, трудов инспектор и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.