Турски државјанин осомничен за криумчарење златен накит на „Богородица“
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Турција со привремено престојувалиште во Република Франција, поради сомнение дека на граничниот премин „Богородица“ пренел седум парчиња златен накит со вкупна тежина од 285,28 грама, вредни 1.977.129 денари кои не ги пријавил.
Како што информираат од Основното јавно обвинителство, постои основано сомнение дека сторил „криумчарење“.
-Осомничениот, на 11 септември, на влез во државава на граничниот премин „Богородица“, како сопатник во автомобил „Ауди“ со француски регистарски ознаки, ја избегнал царинската контрола и пренел непријавена стока од поголема вредност, односно седум парчиња златен накит со вкупна тежина од 285,28 грама и вредни 1.977.129 денари кои не ги пријавил, стои во соопштението од ОЈО.
Дополнуваат дека со оглед на тоа дека постои реална опасност од бегство и дека неговото присуство во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди на друг начин, по предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
Три последователни земјотреси ја погодија Грција
-
Софија реагира и обвинува за „провокации и навреди“ од Скопје
-
До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието
-
Тајван ги зајакнува безбедносните врски со САД и сојузниците
-
Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија
-
Годишниот извештај на Советот на јавни обвинители пред Комисијата за политичкиот систем
-
Мицкоски во посета на Брисел
-
Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан