Балкан
28. April 2018 - 10:27

Турската полиција заплени 116,5 килограми канабис во камион од Нови Пазар

Припадници на турската гранична полиција и разузнавачките служби на граничниот премин Едрене, во камион со регистарски таблички на Нови Пазар, открија 116,5 килограми канабис, чија пазарна вредност е околу 500.000 евра.

По скенерската контрола, полицијата во камионот пуштила куче обучено за откривање дрога, која ја пронашло во специјално направена празнина на камионот.

Како што пренесува Танјуг, возачот е приведен и против него е покрената истрага. Постои сомневање дека дрогата што ја превезувал доаѓа од Косово.