Турската полиција употреби солзавец и водени топови на протестите поради весникот „Заман“
Турската полиција употреби солзавец и водени топови со цел да ги растера неколку илјадниците демонстранти, кои се собраа пред просториите на весникот „Заман“ во Истанбул откако властите донесоа одлука за преземање на контролата врз медиумот.
Демонстрантите извикуваа „Слободниот печат не може да се замолчи“. Неколку стотина демонстранти се обидоа да ја спречат полицијата да влезе во зградата на весникот. Полицајците сепак успеале да се провлечат до редакцијата.
Турските власти вчера презедоа контрола врз весникот, кој го поддржува влијателниот противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во САД.
Именувани се нови уредници на „Земан“ по барање на турскиот суд. Овој потег против весникот е направен откако полицијата притвори бизнисмен поради наводно финансисрање на „Ѓуленовата терористичка група“, како што изјавија обвинителите.
Ердоган го обвинува Ѓулен дека подготвува заговор против власта, градејќи мрежа од приврзаници во судството, полицијата и медиумите. Ѓулен ги отфрла ваквите обвинувања.
- Ова е крај на медиумската слобода во Турција. Медиумите секогаш биле под притисок, но никогаш не било толку јавно како сега. Преземањето на весникот е противуставно, посебно ако нема основа за такво нешто, истакна Севги Акарчесме, уредник на весникот „Тудејс Заман“.
САД изразија загриженост од одлуката на турските власти да преземат контрола врз најтиражниот весник во Турција.
- На ова гледаме како на последно од серијата загрижувачки судски и незаконски дејствија, преземени од турската Влада и насочени против медиуми и други лица, кои ја критикуваат. Ние сме загрижени од ваквите информации и ја повикуваме Владата на Турција да ја почитува слободата на медиумите, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Карби.
ОН, исто така, побара од Турција да ги почитува слободата на средствата за масовна информираност и правото на луѓето да го изразат своето мислење.
Ново на Сител
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј