-->
-->
Турската полиција уапси 18 лица под сомнеж за поврзаност со Фетхулах Ѓулен
-->
Турската полиција уапси 18 лица за кои постои сомнеж дека се поддржувачи на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој е непријател на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Меѓу приведените има и високи полициски службеници, откако претходно биле издадени наредби за апсење на 27 полицајци. Операцијата се извршува во 13 окрузи, меѓу кои и Истанбул.
Според некои турски медиуми, акцијата била насочена против поранешни полициски службеници, вклучувајќи и полициски началници.
Минатиот месец беа уапсени неколку високи полициски и државни службеници при операција во градот Измир. Притворените биле осомничени за поврзаност со наречената од Обвинителството „ѓуленистичка терористичка група“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро