Турската парламентарна Комисија за надворешни работи в четврток ќе дебатира за членството на Шведска во НАТО
Според официјалната агенда, Комисијата за надворешни работи на турскиот Парламент в четврток ќе расправа за предлог-законот со кој се одобрува членството на Шведска во НАТО.
Шведска денеска објави дека ја поздравува таквата одлука и дека „со нетрпение очекува да биде членка на НАТО“.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган го поднесе предлог-законот до Парламентот на ратификација пред три недели, а на почетокот на месецот најави дека што е можно повеќе ќе се обиде да ја олесни ратификацијата.
Турција досега ја блокираше ратификацијата, наведувајќи дека Шведска не се ангажирала доволно во екстрадиција на осомничени за тероризам во Анкара.
Предлогот мора да биде одобрен од парламентарната Комисија за надворешни работи пред да биде изгласан во Меџлисот, по што мора да биде потпишан од Ердоган.
Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се сретнат во Брисел на 28 и 29 ноември. Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО во мај минатата година.
Финска стана членка на Алијансата во април, додека членството на Шведска треба да биде ратификувано од унгарскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец