-->
-->
Турската актерка и фудбалерот поминаа низ драма пред породувањето
-->
Познатата турска актерка Шукран Овали, која ја гледавме како психијатар во „Парампарче“, пред четири дена стана мајка на здраво девојче.Пред шест месеци таа стапи во брак со фудбалската ѕвезда на Бешикташ Џанер Елклин, но иако денес се среќни, околу свадбата, кога Шукран веќе била во третиот месец од бременоста, доживеале вистинска драма.

Овој брак на Шукран ѝ е прв, но му е втор на Џанер. Од првиот брак тој има седумгодишен син.

Неговата поранешна сопруга тешко ја поднела веста дека Џенер се жени, а уште повеќе ја погодило кога дознала дека Шукран е бремена. Таа доживеала нервен слом на свадбата и била пренесена во болница

Иако на почетокот изгледало дека парот кој неколку години бил во брак мирно се развел, сепак, фудбалерот покренал тужба за старателство зашто сопругата го изневерила.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
