-->
-->
Турска државјанка осомничена за обид за убиство во Гостивар
-->
Дваесет и четиригодишна турска државјанка е осомничена за обид за убиство во Гостивар.
Основното јавно обвинителство од Гостивар денеска соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против неа поради основано сомнение дека се обидела да стори кривично дело убиство.
Осомничената на 19 овој месец, по претходна расправија, со умисла се обидела да лиши од живот 23-годишен турски државјанин кога со кујнски нож му задала убодна рана во слабината од десната страна. Потоа го турнала повредениот на креветот и му задала уште една убодна рана од левата страна на слабината.
За неа е побарана мерка притвор поради опасност да побегне, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци или да се обиде да го доврши делото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата