-->
-->
„Турнир 13.ноември“: Доминација на каратистите на Макпетрол
-->
По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Скопје , викендов се одржуваат повеќе спортски манифестации.
Во спортската сала „Македонски херои“ се одржа карате турнирот „13 Ноември“ на кој настапија околу 400 натпреварувачи од четири држави.
Карате клубот Макпетрол – Скопје учествуваше со своите најмлади спортисти и во генералниот пласман е трет по бројот на освоени медали, но во дисциплината борби е повторно на првата позиција.
Вкупно се освоени 17 медали од кои Макпетрол во борби освои 6 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал. Златни медали за Макпетрол освоија машката екипа во кумите (Идризи, Рамадановски, Петков), потоа во поединечна конкуренција Абдурахим Идризи, Ава Стојковска, Данило Божовиќ, Ива Мијалкова, Ева Блажевска, а Давуд Рамадановски, Христијан Белокоски, Кристијан Босковски и Данаил Христовски ги освоија сребрените медали, додека Ива Мијалкова беше трета.
Најатрактивни борби прикажа европскиот вицепрвак во кати и балкански првак во кумите, Абдурахим Идризи, кој освои два златни медали, и во поединечна и во екипна конкуренција. Карактеристично е што во трите победи не изгуби ниту еден поен, како и двете борби во екипна конкуренција.
Младата генерација на клубот имаше забележливи резултати и во дисциолината кати, вкупно се освоени 6 медали од кои: Ена Бочваров – 1 место, Павел Стојчевски – 2 место, Дамјан Стефков – 2 место, Марио Ставревски – 2 место, Александра Добричиќ – 3 место и Давид Доказа – 3 место.
„Турнирот беше масовен но пред се за помладите возрасни категории пионери, кадети и јуниори. Ние овој турнир го искористивме пред се за нашите најмлади возрасни категории да направат контрола на својата моментална форма.Се насочивме на спортистите кои треба да настапат на Балканското првенство. Повеќето од спортистите имаа по неколку борби и тоа ни овозможи да видиме точно кои делови од специфичниот дел на нивната подготвеност треба да ги поправиме пред Балканското првенство кое е закажано во месец декември во Сараево, БиХ“, изјави тренерот Бошко Заборски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло