Tурнејата на Тимберлејк на „Нетфликс“
Светската турнаја на Џастин Тимберлејк „20/20 Experience“на 16 октомври ќе дебитира на малите екрани во форма на филм, за кој режисерот Џонатан Дем истканува дека е многу емотивен и возбуден.
Режисерот награден со Оскар, Џонатан Дем (72) го сними последниот настап на Џастин во серијата од 134 концерти во рамки на турнеата 20/20 Experience, која почна во ноември 2013 година и заврши во јануари 2015 година.
Неверојатно успешната турнеја донесе заработувачка од 232 милиони долари.
Филмот, каде се појавува и бендот од 25 членови „The Tennessee Kids“ која го следи 35-годишниот пејач, ќе има светска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто.
Се планира Тимберлајк да се појави со Дем на фестивалот и на обожавателите да им презентира некои сцени снимени зад сцената.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток