Туристичките потенцијали на Струмица пред амбасадорите на Србија, Кина и Јапонија
Амбасадорите на Србија Душанка Дивјак Томиќ, на Јапонија Кеико Ханеда и заменик амбасадорот на Кина Мао Кингвен денеска се запознаа со убавините на Струмица и регионот на средбата со вршителот на должност градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов.
На состанокот организиран како дел од соработката со здружението „Добредојде Македонија“ било презентирано културно-уметничкото богатство на регионот со цел запознавање со убавините на Македонија.
- Разговаравме за манастирските комплекси во Водоча и во Вељуса што претставува еден од најстарите манастири кои датираат од 11 век. Ги спомнавме и римските терми во Банско, а не ја пропуштив можноста да ги спомнам и интернационалните фестивали, на Камерен театар „Ристо Шишков“, на краток филм „Астерфест“, и секако Струмичкиот карневал кој е во топ-20те улични фестивали, рече Костадинов.
Посочи, дека очекува Струмица да стане приоритетна во туристичките тури на агенциите за гостите од Кина од Србија и од Јапонија.
Почесниот претседател на Зружението „Добредојде Македонија“, амбасадорот на Република Србија во Македонија Душанка Дивјак Томиќ, посочи дека го промовираат пријателството.
- Наша задача и желба е да го промовираме пријателството меѓу народите, меѓу државите, межу локалните заедници. Денес имаме голема прилика да ги запознаеме туристичките потенцијали на Струмица. Сакаме да се приближиме се повеќе и во иднина тоа да го искористиме за развој на пријателски врски, рече Дивјак Томиќ.
Делегацијата на странските амбасади ги посети и локалитетите кои важат за белег на Струмица и околината и можност за привлекување голем број туристи.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Индија и Пакистан најавија директни преговори
-
Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта
-
„Скајп“ отиде во историјата
-
Истражување: На детето не му требаат полни соби со играчки
-
Почнува Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција
-
Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје