Турист почина во Грција откако го каснал отровен пајак
Мажот кој беше каснат од отровен кафеав пајак во Пиргос, на западот на Грција не успеа да преживее!
Локалните медиуми јавуваат дека 48-годишникот, минатиот вторник попладне дошол во болница со ужасни болки во ногата, но дотогаш не сфатил дека се работи за каснување. Претходно бил прегледан од приватен ортопед кој веднаш го испратил во болница.
Здравјето на човекот се влошило еден ден подоцна, тој развил симптоми кои потсетуваат на каснување, а медицинскиот персонал вложил напори да го одржи во живот.
– И покрај натчовечките напори на персоналот, пациентот на крајот не успеа да издржи. За жал, тоа беше нешто што се знаеше од самиот почеток. Ваквите инциденти не завршуваат добро. Се трудевме многу – велат од болницата.
Медиумите јавуваат дека мажот кој бил на одмор во Грција бил каснат високо кај бутот од ногата, но не забележал кога бил каснат.
– Од описот мислиме дека се работи за каснување од кафеав пајак. Не постои противотров и неговиот развој е генерално доста брз, иако на почетокот не изгледа дека е ништо сериозно. Има ненадејно влошување 72 часа по каснувањето ,велат од болницата.
Кафеавиот медитерански осамен пајак е малку проучен. На предниот дел од телото има изразен белег кој наликува на виолина.
Активен е ноќе, додека дење се крие под камења и лисја.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице