Турција започна сериско производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

Турската воена компанија БМЦ започна сериско производство на првиот домашен главен борбен тенк „Алтај“, опремен со мотор „BATU“ од 1.500 коњски сили, соопшти компанијата.
По долгогодишни предизвици во развојот на сопствен мотор, „БМЦ“ успешно ја надмина пречката предизвикана од санкциите за увоз на напредна воена технологија, пренесува Анадолија.
Претседателот на „БМЦ“, Фуат Тосјали, изјави дека производството на тенкот „Алтај“ е остварување на вековниот сон на Турција.
– Моторот ‘BATU’ може да помине 10.000 километри, а нашата фабрика веќе започна масовно производство по поставувањето на темелите минатата година, рече Тосјали. Тој додаде дека тенкот ќе ги задоволи потребите на турските вооружени сили и на сојузничките земји.
Претседателот на Турската агенција за одбранбена индустрија, Халук Горѓун, истакна дека агенцијата обезбедила огромна поддршка за проектот, во кој бил вклучен и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Производството на „Алтај“ се очекува да ја зајакне позицијата на Турција во глобалната одбранбена индустрија.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите
-

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите
-

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата, во Тетово и Гостивар не е како во Скопје
-

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
