Турција: Во последната декада убиени 2.337 жени од нивни партнери или роднини

Вкупно 2.337 жени се убиени во Турција во iизминатите десет години од страна на нивните партнери или роднини, јави турската телевизија НТВ. Убиствата главно се случиле кога жените побарале да се разведат или да донесуваат одлуки за себе.
Во изминатите десет години е забележано зголемување на бројот на убиени жени во Турција, забележува НТВ.
Според податоци на телевизија, во 2008 година биле убиени 80 жени во земјата, во 2016 биле убиени 328 жени, а во 2017 година - 409. Само во првите два месеци од оваа година во Турција се убиени 75 жени.
Професорката Шенѓул Хаблемитоглу, која се занимава со проблемите на жените, изјави дека според неофицијални податоци, четири од десет жени се соочуваат со семејно насилство.
- Имајќи ги предвид овие податоци, можеме да кажеме дека 14 милиони жени во Турција систематски се подложени на семејно насилство, рече Хаблемитоглу.
Најмногу убиства на жени во последните десет години се извршени во Истанбул, Измир и Анталија, а веднаш зад нив се и Бурса и Адана.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
