Балкан
24. November 2015 - 16:13

Турција урна руски воен авион - Путин се заканува, НАТО на итна седница во Брисел

Официјална Анкара тврди дека  пред да го соборат рускиот Сухој 24 10  пати  во рок од  5 минути  го предупредиле дека го нарушува турскиот воздушен простор. Но со ова не се согласува Русија. Таа тврди дека нејзниот авион цело време летал на небото над Сирија и бил соборен  со ракета од земја од страна  на турската армија , додека бил на височина   од 6.000 метри. Леталото се урнало во планинска област во сириската  провинција Латакија.  

Според руското министерство за одбрана  двајцата пилоти   успеале да се катапулитираат, но се уште не се знае дали прежиевале. Бунтовниците пак  кои се борат против режимот на Асад кој ја има руската подршка  прво  објавија дека  пукале на пилотите додека се спуштале со падобранците и  дека еден од нив погодиле. Потоа  на социјланите мрежи  споделија видео снимка во која тврдат дека двајцата пилоти се мртви.

Рускиот авион бил во операцијата  против џихадситите на Исламска држава.  Денешните  случувања ќе остават сериозни последици  на руско –турските  односи порача Путин.

-Турците ни забија нож во грб. Овој нивен потег може да се протолкува   како соработка со исламистите. Нема друго објаснување  изјави  рускиот претседател

Турција е должна да преземе мерки против секој кој ги загрозува нејзините граници возврати  турскиот премиер.

-Секој треба да знае дека наше меѓународно право и национална должност е да ги преземеме сите потребни мерки против секого кој ке ги загрози нашите воздушни или копнени граници, истакна Давутоглу.

Откако Моксва минатиот месец почна воздушни напади против цели на исламската држава во Сирија, Анкара неколку пати   ја предупреди   дека нејнзини  авиони неколку пати го прекршиле турскиот воздушен простор. Денешниот инцидент е прв во скоро 60 години во кој вооружени сили на држава членка на НАТО соборуваат руски или советски воен авион.