Турција седум дена по ред бележи црни рекорди со коронавирусот
Бројот на починати во Турција се зголемува седми ден по ред, и покрај напорите на претседателот Реџеп Таип Ердоган и владата да го запрат вториот бран на Ковид-19, објави „Ројтерс“.
Турција очекува економијата да се подигне оваа недела по големиот пад на почетокот на годината, но тоа закрепнување, што е клучно за политичката поддршка на Ердоган, може да биде загрозено поради ширењето на коронавирусот.
Турците ги заострија мерките, вклучително и воведувањето полициски час за време на викендот, но досега тие не дадоа значителни резултати во запирањето на ширењето на болеста.
Во неделата починаа 185 лица, што е за 45% повеќе отколку во екот на првиот бран во април, а црните рекорди започнаа да се бележат на 23 ноември, кога починаа 153 лица, и оттогаш бројот на мртви расте секој ден.
Во претходните 24 часа беа евидентирани над 29.000 случаи, а во саботата беше соборен рекорд од 30.103 случаи, сепак, властите бројат само пациенти со симптоми, додека овој број не вклучува асимптоматски случаи.
Лекарите и опозициските политичари предложија уште посилни ограничувачки мерки, но владата сака да избегне заострување, бидејќи кафулињата, рестораните и хотелите веќе се сериозно погодени од мерките.
„Нашата здравствена единица е под голем товар. Секој од нас е одговорен, мора да се придржуваме кон мерките”, напиша турскиот министер за здравство Фахретин Коча на „Твитер“.
Ново на Сител
-
На ГП Делчево фатени три лица со лажни ПЦР тестови
-
Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 2,5 милиони
-
Меркел: Дигитален сертификат за вакцинација веројатно пред лето
-
Борисов е за електронски пасош за вакцинирани и луѓе што прележале Ковид-19 за слободно патувањe
-
Четири новородени кучиња и мајка отруени во Охрид | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Заев до Николовски: До пред 4 години името и презимето ви беше страв да му го кажете на Мијалков
-
Николовски до Заев: Каде бил Мијалков ако бил во Скопје, зошто не е извршен претрес?
-
Филипче: Изградбата на Клинички е транспарентен, помина времето на криминални зделки во здравството