Турција се повлече од Самитот за Либија во Палермо
Турција се повлече од Меѓународната конференција за иднината на Либија, што се одржува во Италија.
Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека одлуката е донесена поради „длабокото разочарување“ на Анкара поради тоа што била исклучена од некои разговори.
– Секоја средба што ја исклучува Турција ќе биде контрапродуктивна за решавање на тој проблем, рече Октај.
Тема на дводневната конференција, која вчера и денеска се одржува во Палермо, е новиот мировен план на Обединетите нации за стабилизација на Либија.
Премиерот на Либија Фајез ел Сараџ, чија Влада е сместена во западниот дел на земјата, денеска во Палермо се сретна со командантот Калифа Хафтар, кој го контролира поголемиот источен дел на државата, изјави неименуван извор од италијанската влада.
Хафтар претходно најави дека нема да учествува на конференцијата, но допатува во Палермо и ќе присуствува на средбите на маргините на конференцијата.
Неговата средба со Сараџ е прва по мај.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња