Турција се повлече од Самитот за Либија во Палермо

Турција се повлече од Меѓународната конференција за иднината на Либија, што се одржува во Италија.
Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека одлуката е донесена поради „длабокото разочарување“ на Анкара поради тоа што била исклучена од некои разговори.
– Секоја средба што ја исклучува Турција ќе биде контрапродуктивна за решавање на тој проблем, рече Октај.
Тема на дводневната конференција, која вчера и денеска се одржува во Палермо, е новиот мировен план на Обединетите нации за стабилизација на Либија.

Премиерот на Либија Фајез ел Сараџ, чија Влада е сместена во западниот дел на земјата, денеска во Палермо се сретна со командантот Калифа Хафтар, кој го контролира поголемиот источен дел на државата, изјави неименуван извор од италијанската влада.
Хафтар претходно најави дека нема да учествува на конференцијата, но допатува во Палермо и ќе присуствува на средбите на маргините на конференцијата.
Неговата средба со Сараџ е прва по мај.
Ново на Сител
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
-

Голем пожар избувна вчера во Радовиш - гореле погони и машини во поранешен „Декортекс“
-

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“
-

Денеска времето сончево и топло
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
